На тромесечие треба сите да имаме оценки (да и јас , се разбира), па затоа еве нешто што ќе ви помогне да се  оцените сами, со што  ќе  ми помогнете многу.А ако не сте задоволни од оцената што заедно ќе ја дефинираме, тогаш овие стандарди ќе ви помогнат за да доучите и да стигнете до посакуваната оцена.Ќе ви се најдат!

Стандарди

Поздрав

Еве конечно , со мало задоцнување, и задачи со дропки.Решавајте и прашувајте!Само така ќенаучите.

Вашиот учител по математика,

Поздрав!

ЦЕЛИ БРОЕВИ

септември 29, 2010 | | Напиши коментар

Еве , домашна и за цели броеви.Решети ги задачите, па ако има нејасно ќе објасниме на училиште.Иако мислам дека се е познато и не би требало да ви е се нејасни.Решавајте ги задачите, не оставајте за “утре”.

Поздрав!

ПРИРОДНИ БРОЕВИ

септември 27, 2010 | | 2 коментари

Драги ученици!

За сите оние кои не успеаа да ги завршат прашањата на училиште сега имаат можност истите да ги најдат и овде на блогов во ЛИНКОВ на овој пост.

Поздрав.

Еве ме, и на овој начин да ја почнеме оваа учебна година.За тие што не знаат да ме запознаат и овде затоа што може да им се најдам кога ќе им требам.На “првачињата” ќе им посакам побргу да се снајдат во новата средина, а на сите ученици ќе им посакам среќен почеток и успех во оваа учебна година.Она што ќе го намислите да ви се оствари и да бидете задоволни и среќни!

Ве поздравува Вашата професорка по математика!

Еве ви и ваков тип на задачи , т.е. задачи со заокружување и доплнување, кои што ќе бидат дел од годишната писмена работа.Вежбајте!

Заокружи и дополни!

Драги ученици во опвој пост ви постирам задачи кои ќе се најдат на годишната писмена работа.

Ова Ви е убава шанса вежбајќи ги задачкиве кои се постирани овде да ги научите, а со тоа да направите добар годишен тест, со што би си ги поправиле досегашните оценки.

Затоа моја топла препорака е да решавате и да се спремате за годишниот тест колку што можете повеќе.

Знам дека надвор е сончево и убаво време кое Вашите мисли ги тера во сите парвци а најмалку кон решавањето математички проблеми и занам дека во овој период имате да учите по сите предмети, ама има едно нешто што американскиот писател и психијатар Скот Пек го нарекува „одложено задоволство“.

Што всушност претставува тоа?!

Замислете вака. Ако сега , покрај прекрасното време кое Ве мами, седнете и сериозно ја „загреете“ Вашата столица, во моментов тоа ќе Ви се чини како мачење и напор кој не Ви носи никакво задоволство. Но тоа е само привид, ако сега вложите труд и ги попрваите вашите оценки, „одложеното задволство“ односно „плодовите“ од Вашиот сегашен труд ќе ги почуствувате на 10 јуни и по тоа, за време на Вашиот летен распуст, кога наместо да учите за поправен испит и да се соочувате со разни забрани од Вашите родители поради слабиот успех постигант во тековнава учебна година, ќе се одмарате безгрижно и со право ќе можете од Вашите задоволни родители да барате се што Ви ветиле дека ќе Ви дадат или купат, доколку на крајот на учебната година имате добар успех. А најбитно од се е, што кај Вас ќе се јави некое чувство на гордост за успешно завршена работа која Ви била доверена,  а кое не се обајснува со зборови туку мора да се почуствува.

Затоа уште еднаш Ви велам, седнете  вежбајте и учете, „одложеното задоволство“ секогаш се исплати, верувајте ми!

Еве ги задачите за годишниот тест.

П.С.

И нормално, се што не Ви е јасно, тука и на училиште сум јас да Ви објаснам.

Поздрав и мислете на крајот на учебната година и предстојниот летен распуст и убавините кој тој ги носи, немојте да морате да го поминете во учење.

П.П.С.

И ако ме послушате и го спроведете принципот на „одложено задоволство“ на Др. Скот Пек, тогаш верувам дека тоа ќе Ве заинтригира преку летото, додека се сончате  некаде на некоја прекрасна плажа, да прочитате и некоја од неговите книги.

Еве Ви ги задачите за следниот тематски тест.

Решавајте ги и спремајте се за тестот, за да постигнете што подобри резултати.

- Задачи за вежби од валчести тела.

- Задачи за самопроверка од плоштина и волумен на реберсти тела.

- Задачи за плоштина и волумен на потсечен конус.

П.С.

За се што нема да Ви биде јасно, може да ме прашувате тука на блогов или на час на училиште.

Поздрав.

На некого ветив дека ќе ги закачам на блог стандардите за оценување за темата што ја завршивме. Што значи дека ако некој сака да поправа оценка може да си види што треба да научи и да се јави. Можеби ќе треба да ги закачувам стандардите за секоја тема, ама ај тоа потоа.

Учете и поправајте!

Верувам дека викендов се одмаравте, па затоа не ги постирав порано.Ама и да ги имавте, сигурно немаше да ги пипнете,…, тоа е веќе друга тема.Еве ви ги задачите, решавајте и прашувајте нејасно.

Поздрав!

П.С.

Задачите ви се :

-линк1

-линк2